Македонски државјанин фалсификувал тест за Ковид19

Косовската полиција соопшти дека уапсила државјанин на Северна Македонија, затоа што при влез во земјата на граничниот премин во Генерал Јанковиќ приложил фалсификуван тест за ковид-19.

Откако бил приведен, осомничениот изјавил дека документот го купил од непознато лице на улица во една од скопските населби.

Настанот се случил завчера, 14 септември, во 14.50 часот.

„Уапсено е осомничено лице, маж, Албанец, државјанин на Северна Македонија, затоа што при преглед на документите истиот приложил тест за ковид-19, за кој постои сомневање дека е фалсификуван. При испитувањето осомничениот изјави дека документот го купил на улица во една скопска населба од непознато лице. Со одлука на надлежен обвинител, осомничениот е ослободен во редовна процедура“, се вели во денешниот билтен на косовското МВР.

Close