Сообраќајна несреќа кај Враништа, тешко повреден моторциклист и сопатник

На 15.09.2020 година во 19 часот на регионален пат Струга – Дебар, кај селото Враништа, се случи сообраќајна незгода во која мотоцикл „хонда“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.З.(44) од Враништа, излетал од патот. Возачот на мотоциклот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди. Во сообраќајната незгода, со телесни повреди се здобил сопатникот К.Ш. (19) од струшкото село Јабланица. По овластување на Јавен обвинител, увид извршиле полициски екипи.

Close