Охриѓанец тешко повреден во несреќа во која изгубил контрола и паднал на коловозот

На 13.09.2020 година во 18.30 часот, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, кај населбата Рача, случена е сообраќајна незгода во која  Охриѓанец управувајќи мопед марка „Ханг Лонг“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница-Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Close