ДЕМОКРАТИ: Дваесет и девет години окупација и геноцид врз Македонија и македонските граѓани

Ова година славевме дваесет и девет години на окупација и геноцид врз Македонија и македонските граѓани од страна на политичките манипуланти, профитери и криминалци од страна на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициски приврзоци кои креираа невиден геноцид во секоја сфера од општественото живеење, се вели во соопштението од Демократи.  Тие додаваат:
На криминален начин ги приватизираа народните фирми, го смениа името, ја продаваат историјата, ја уништија економијата, образованието, науката, иновациите, културата, здравството, животната средина, инфраструктурата, спортот, ги оставија на милост и немилост социјалните ранливи групи како што се старите, болните, луѓето со посебни потреби, самохраните мајки, сиромашните.
Ги протераа од државата младите работоспособни кадри кои треба да останат во Македонија и да учествуваат во градење на правна и економски моќна држава, а исто така да се борат против овие УНИШТУВАЧИ.
Што е уште пострашно ја окупира државата и сите државни институции, а во исто време креираа армија на потчинети, заплашени и потценети граѓани кои им служат за гласање за да дојдат и останат што подолго на власт, за да можат да си ги полнат џеповите на сметка на сите македонски граѓани.
ДЕМОКРАТИ најостро го осудуваат овај геноцид врз македонските граѓани и Македонија.
ДОСТА Е!!! Ги повикува сите чесни граѓани да ни се придружат во БОРБАТА против УНИШТУВАЧИТЕ на нашите животи и Македонија и заеднички да креираме функционална држава!
Close