Кружните текови ќе бидат оградени со зелени огради

Отстранети се старите полукружни жолти колца со кои беа оградени тротоарите околу кружниот тек кај охридската гимназија и започнати се градежни работи за поставување на зелен појас кој ќе биде од т.н.  жива ограда, како што е ограден кружниот тек во близина на покриениот базен. Зелениот појас ќе е опремен со систем за наводнување капка по капка, а ваква ограда ќе се постави околу сите кружни текови на „Булевар Туристичка“.

Close