СОВЕСТ: Утрово продолжи градбата на минарето во Охрид

Здружението „Совест“ утрово повторно реагира за минарето кое се гради без потребна документација и е предмет на спорење во јавноста, а кое според фотографиите кои тие ги објавија,  утрово продолжи да се гради и покрај најавите на премиерот Зоран Заев дека законите во Македонија важат за сите, па и за минарето.

Утрово здружението „Совест“ објави фотографија од нинарето на кое име работници кои поставуваат конструкција за негово градење во височина.

Од „Совест“ порачаа дека казната за хаосот и беззаконието ќе ја стигне власта на наредните избори.

Но ваквите изјави на премиерот Зоран Заев очигледно немаат никаква врска со реалноста, бидјеќи преку ноќ минарето постојано добива плус по некој метар во височина.

ИМААТ ЛИ СДСМ И ВМРО ДПМНЕ СТАВ ЗА МИНАРЕТО, ДИВОГРАДБИТЕ И ЦЕЛИОТ ХАОС ВО ОХРИД ? !

Партиите СДСМ и ВМРО ДПМНЕ до денес не се произнеле конретно и јасно ни по прашањето на минарето, ни по прашањето за хаосот со градење двоградби низ цел Охрид. Станува се повидливо кокетирањето на сите политички субјекти со инволвираните во процесите на унаказување на градот и општото дивоградење на нај атрактивни места.

ХАОС НА СЕКОЈ ЧЕКОР

Дека законите во Македонија важат само за тие кои сакаат да ги почитуваат и за сиромашните говори и тоа што го гледаме деновиве околу нас.

Од Матка па до Струга владее целосен хаос и беззаконие кое го прават тие кои имаат таква моќ.

И додека премиерот уверува во еднаквост пред законот, во Струга еден месец се подметнуваат пожари и изгоре целата трска и вегетацијата на брегот, а Полицијата и државата како да не постојат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close