Што работеше Локалната минатите 7 дена на градската инфраструктура ?

7️⃣ДЕНА ЗА ОХРИД⬇️
📄Седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа и општинските јавни претпријатија
📌Завршни активности за изградба на кошаркарско игралиште во населба „Црногорци“;
📌 Уредување на тротоарите на улица „15 Корпус“;
📌 Тековни градежни активности за реконструкција на улиците „Абас Емин“ и улицата во поранешна касарна.
📌 ЈП „Водовод“
▶️Активности за санирање на дефекти на улиците „Гоце Делчев“, „Абас Емин“, „Бекир Алириза“, „Егејска“ и во населбата „Елешец“;
📌 ЈП „Охридски Комуналец“
▶️Реализирани активности за расчистување на градското пристаниште, градскиот кеј и малото пристаниште од наноси на окрек, реса и друг отпад од Охридското Езеро;
▶️Реализирани активности за расчистување на крајбрежјето во село Трпејца.
📌ЈП „Нискоградба“
▶️ Тековни активности за изведба на атмосферска канализација улица „15 Корпус“;
▶️Поставување на атмосферска канализација на улица „Сатеска“;
▶️Чистење на фекална и атмосферска канализација на улиците „Коста Абраш“ и „Радојца Новичиќ“ и во населбите „Канео“ и „Рача“.
📌ЈП „Градски пазар“
▶️Тековни активности за реконструкција на постоечката и поставување на нова ограда во дворот на ОМУ ,,Методи Патче“.

Close