Албански државјани сакале од охридскиот аеродром да патуваат со фалсификувани грчки и италијански документи

Регионалниот центар за гранични работи Запад, до Основно јавно обвинителсво Охрид, поднесе кривична пријава против Т.Р.(41), Б.Г.(40), Б.Р.(37) и двајца малолетници, сите од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „фалсификување на исправа“, казниво по член 378 став 1 од Кривичниот законик. На 31.08.2020 во 11.45 часот на Граничен премин Аеродром „Св.Апостол Павле Охрид“ тие се пријавиле за патување со фалсификувани грчки и италијански документи.

Close