Пат со неверојатен поглед на кој имате впечаток дека возите по море

Еден од патиштата со најдобар поглед е Atlanterhavsveien или Атлантскиот пат во Норвешка. Кружниот пат се издига над брановите на Норвешкото Море, а особено за време на бурите, брановите го преплавуваат патот.

За време на изградбата на овој пат, во оваа област имало дури 12 урагани. Atlanterhavsveien е дел од Route 64 во Норвешка, и е долг околу 9 километри. Се состои од неколку насипи, 7 мостови и 4 паркинга со прекрасен поглед.

Патот се протега низ целиот архипелаг на Норвешкото Море, поврзувајќи ги малите острови и заедниците на Eide и Averøy. Покрај главните причини за изградба на овој пат, сообраќајните врски на земјата, овие краеви се популарни риболовни подрачја, а еден од мостовите е специјално изграден за ова.

Првично Atlanterhavsveien беше замислен како пруга, но овој проект никогаш не се реализирал. Проектот е осмислен во 1970-тите, но изградбата започнала дури во 1983 година и конечно е отворен во 1989 година.

Возењето покрај морето по патот Атлантик имате впечаток како возите по самиот раб од морето. Многу е популарен меѓу туристите, особено моторџиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close