Во нива во струшко пронајдени сандаци со муниција, гранати и ракетни фрлачи

Денеска се одвива голема полициска акција во околината на Струга, каде што е пронајдено огромно количества оружје и муниција, пренесе Фронтлајн.

Откако се добиени оперативни сознанија од теренот, македонската полиција утринава пронашла сандаци со муниција во кои имало и РПГ гранати.

Во моментов, во тек е ископувањето каде што првично е пронајдено оружјето и муницијата. Само до овој момент се пронајдени 30 сандаци со муниција, во кои имало и неверојатни 100 ракетни гранати и 16 рачни ракетни лансери.

Ископувањето на оружјето и муницијата е во тек, а се очекува иофицијално соопштение од МВР.

Close