ВМРО НП поднесува иницијатива за изградба на „Музеј на Езерото“

Согласно определбата и заложбите на ВМРО Народна партија од Охрид за одржлив економски развој на Општина Охрид и нашите најави за реализација на овај проект наназад, ВМРО Нродна партија поднесува иницијатива за изградба на Музеј на Езерото, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Целта на овој проект ќе биде едукација на младите поколенија за тоа какво богатство од флора и фауна поседува Охридското Езеро.

Со овој проект, сите ние како жители на овој регион ќе придонесеме за негова заштита и зачувување на езерото, како на идните генерации би оставиле еден природен и недопрен биорезерват со ендемични врсти на флора и фауна и исто така ќе претставува нова туристичка понуда

Овај проект е самоодржлив и ќе биде прв од ваков вид во регионот.

Како локација  ги предложувамедел од катастарските парцели 5642/4 и 5646/2, се додава во соопштението.

Close