(ФОТО) Нови подови во подрачното училиште на ОУ„Св. Климент Охридски“ во Далјан

Во сите 5 училници и наставничката канцеларија во подрачниот училишен објект на ОУ„Свети Климент Охридски“ во населбата Далјан деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите со нов ламинат.

Материјалите за поплочување беа обезбедени од страна на Општина Охрид, преку донација на локална компанија, која се занимава со трговија на градежни материјали. Покрај училишните простории во подрачниот објект, ќе биде извршена промена на подовите и во една училишна просторија во централниот објект на ОУ„Свети Климент Охридски“.

Во текот на наредниот период, во ова основно училиште, со средства на Општина Охрид планирана е реконструкција на дограмата во подрачниот објект во населба Далјан, а ќе биде извршено и бојадисување на внатрешните ѕидови во централниот училишен објект.

Благодарение на донацијата за реконструкција на подови, во текот на наредниот период се очекува да бидат поставени нови ламинатни подови, во дел од училишните простории во ОУ „Григор Прличев“ и во подрачниот објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во село Коњско.

Close