Убедлива победа на Македонија против Јапонија на СП во ракомет

Македонија триумфално го почна СП во Германија и во Данска, откако во првата средба убедливо ја совлада Јапонија. Македонија победи со резултат 38:29 (18:13), што е наш највисок триумф во првите натпревари на светските првенства, и на своето конто ги запиша првите два бода.

Нашите избраници одиграа одиграа одличен натпревар, особено во нападот, но ќе мораат да ја подобрат својата игра во одбраната, која денеска прими 29 голови и тоа при еден перфектен учинок на Борко Ристовски, кој одбрани 20 удари.

Македонија имаше контрола во текот на целата средба. Првиот гол го постигна Дејан Манасков, а многу брзо стекнавме и водство од два гола, 1:3.Одличен беше и Борко Ристовски, кој во 20. минута ја забележа својата 10-та победа, а првото полувреме го заврши со цели 14. Првото полувреме заврши со резултат 13:18, во полза на Македонија.

На почеток на второто полувреме Јапонија го направи својот последен обид да дојде до резултатски пресврт. Јапонците ја искористија својата брзина и во неколку наврати ја намалија нашата предност на три гола. Но, Македонија брзо го скроти овој порив на противникот и повторно ја презеде комплетната контрола врз натпреварот. Конечниот резултат е 29:38 и тој означи сигурна и целосно заслужена победа на нашиот национален тим.

За најдобар играч на средбата е прогласен македонскиот пикер Стојанче Стоилов.

Следниот натпревар на ова светско првенство ќе го одиграме в недела, а наш следен противник ќе биде селекцијата на Бахреин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close