Жената без која Мерцедес можеби не би постоел

Иако улогите на пионери често им се оспорувани, постојат жени без кои сегашноста не би била иста. Една од нив е заслужна за постоењето на Мерцедес бенц.

Германскиот гигант во чест на 170-от роденден на Берта Бенц, кој е на 3 мај, го претстави филмот „Берта Бенц: Патувањето кое смени сѐ“.

Филмот е посветен како инспирација на жените и мажите низ светот храбро и самоуверено да ги остварат своите визии, се вели во соопштението на компанијата од Штутгарт.

„Берта беше пионер, нашиот прв тест возач. Нејзината храброст и упорност многу ме инспирираа. На мојот тим му беше важно да ја опишеме Берта Бенц како силна жена и безвременски пример. Нашиот тим сака да ги мотивира луѓето низ животот да одат со сличен позитивен и отворен пристап и да се соочуваат со предизвиците со самодоверба“, изјави потпретседателката на маркетингот на Мерцедес бенц автомобили Бертина Фецер.

За да го привлече вниманието на јавноста на изумот на нејзиниот сопруг Карл, Берта влезе во историјата пред 130 години со одлуката на тргне на првото големо патување со автомобил, долго 106 километри, придружувана од своите два малолетни сина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close