За МРТВ 2 Стоилов стана играч со број 5 – кој дозволи мешање на политика во спортот ?

Корисниците на социјалните мрежи реагираат на постапката која ја направил коментаторот на МРТВ2, кога репрезентативецот Столе Стоилов го преставувал како “играчот со број 5”. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

„Дали ќе сноси некој одговорност за ова крајно непрофесионално однесување на државниот телевизиски канал?“, се пишува на соијалните мрежи.

За потсетување Стојанче Стоилов е голем противник на последните случувања во државата. По вчерашното гласање за уставните промени тој објави емотивен коментар на својот профил на социјалната мрежа фејсбук, во кој напиша:

„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!

Срам да ни е на сите….

За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“ !!!

Инаку македонскиот пикер Стоилов е мошне емотивен кога ќе се спомене Македонија и македонскиот идентитет. На крајот од месец декември македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов демонстративно си замина од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ затоа што за прв пат годнава на оваа манифестација се боруваше и на албански јазик.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close