Потврдени тројца заразени со ковид-19 по забавите во Охрид

Тројца позитивни на Ковид 19 кои биле на забавите во Охрид за продолжениот илинденски викенд, дознава Канал 5 од болнички извори.

Заразените се со благи симптоми и се на домашно лекување. Од денеска стартуваат и анкетите на заразените со кој се биле во контакт и до среда треба да се знае точната бројка на луѓе кои би заминале во самоизолација и се заразиле од нив.

-Очекувана е бројката од 200-те ново заразени од Ковид 19 и нови кластери по забавите на излетнички места, а бројката ќе се задржи и со можност да биде и повисока“, вели епидемиологот Даниловски.

За професорот Даниловски и во наредните денови треба анкетите на заразените од овие кластери да покажат со колку луѓе имале контакт. За него загрижувачки е што се уште има забави како на пример во Струмица, а и покрај големиот број на болни и починати забавите не престануваат.

Текстот во целост на: Канал5

Close