Охриѓанец кој бил заглавен во Доминиканска република, се врати дома благодарение на амбасадорот Ивица Боцевски

Охриѓанецот Стефан Стефаноски јавно се заблагодарува на амбасадор Ивица Боцевски од Бразилската амбасада кој пожервувано направил се Стефановски да се врати во Македонија и родниот Охрид. Стефаноски вели:

Живеев и работев во Доминиканска република до пред некое време. Со појавата на новиот вирус ковид 19 таму како и секаде се затворија границите и многу луѓе останаа затворени во туѓи земји.Така се случи и со мене и со некои Македонски државјани кои во тој момент се наоѓаа во Доминиканска република. Во тој момент единствена надеж и подршка ни пружи нашиот амбасадор Ивица Боцевски од Бразилската амбасада кои буквално секој ден бевме во комуникација со него.

Една група од наши македонци успеаа со негова помош да одлетаат за своите домови пред месец и половина, а јас по свои причини останав уште некое време. Во секој случај останав во контакт со нашиот амбасадор цело време .Со негова помош кој ми ги подготви сите патни документи за да можам да патувам во ова сложно време каде што сите граници во европа се затворени успеав да се вратам дома кај своите. Во оваа патување имав сложени моменти кој не можев да ги решам без директна подршка од нашиот амбасадор Ивица Боцевски.

Барајќи го на телефон и со директна комуникација со шпанските контроли успеав да минам граница пасошка контрола и да седнам во авион . Преку Бугарија со тахи кој господинот амбасадор претходно ми го договори успеав да дојдам до македонска граница од каде потоа со мој другар се упативме за Охрид дома.

Сакам од се срце да му се заблагодарам на амбасадород Ивица Боцевски и неговиот тим кој несебично и пожртвувано учествуваше за спасувајне и транспорт на македонските граѓани што се наоѓа во латинска америка. Вакви луѓе му требаат на македонија кои се грижат за своите сограѓани и совесно си ја вршат својата должност. Секоја чест респект и благодарност, вели Сефан Стефановски.

Close