(ВИДЕО) Кога Петрески делеше каранфили во штабот на Бакрачески

Еј спомени !!! Видеото е снимено на 8-ми Март 2013 година во екот на кампањата за Локалните избори.

Кандидатот од СДСМ и тогашен градоначалник Александар Петрески влезе во штабот на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Никола Бакрачески и подели каранфили на дамите.

На видеото се гледа дека тој е придружуван од наследникот на градоначалникот Бакрачески, сега покојниот градоначалник Јован Стојаноски.

Покрја Петрески е Лидија Грданоска која ги носи каранфилите, а тука е и актуелниот советник од ВМРО НП Филип Јованоски, како и поранешниот советник Дејан Блажески. Ненајавените гости по игра на случајот во холот први ги пречекува Ристе Мишев.

Настанот во тоа време беше своевидна медиумска сензација.

БАКРАЧЕСКИ ИМАЛ СОСТАНОК СО ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ

Во моментот кога ненајавен во штабот влезе Александар Петрески во посебна просторија тогашниот кандидат Бакрачески имал состанок со дел од туристичките работници, а кога соработниците го известиле дека Петрески дошол на гости тој излегол од состанокот и ги пречекал гостите.

ВИДЕО:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close