(ВИДЕО) Пендаровски: Колку што културата ни е потребна во мирни времиња, уште повеќе ни е неопходна во време на криза

Пред евидентно редуцираниот број гости на Антички поради КОВИД-пандемијата, Фестивалот „Охридско лето“ за отворен го прогласи покровителот на манифестацијата, претседателот на државата Стево Пендаровски кој упати честитки за шестдецениското опстојување во кое, како што истакна, „врвни македонски, европски и светски уметници нѐ почестија со својата извонредност, тука во Охрид”.

Пендаровски нагласи дека организирањето на „Охридско лето” во услови на КОВИД-19 не е воопшто лесно.

– Во исто време, ова е фестивал на креативни поединци кои се исправаат наспроти деструктивните тенденции. Се разбира дека од ваквите потфати на уметнички здружувања и политиката може да учи за тоа како се создаваат слободни, отворени, еманципирачки, динамични јадра што ја потврдуваат убавината на различностите. Нужно е да ги задржиме нивото и квалитетот што со себе ги носи фестивалот „Охридско лето”. Колку што културата ни е потребна во мирни времиња, уште повеќе ни е неопходна во време на криза, истакна шефот на државата.

Close