(ФОТО) Охридскиот кеј врие како во кошница – никој не почитува Владини мерки

Директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски постојано ја следи состојбата со Охрид деновиве.

Тој вели: Грешките не треба да ги бараме во мерките туку во нас. Грешките не треба да ги бараме во мерките туку во нас. Нашата рамнодушност не донесе до нивно непочитување а сликите со отпадоци низ туристичките места секојдневие. Кога ќе поминеме покрај фрлено шише,лименка не треба да го шутнеме подалеку од нас туку за промена да го кренеме и фрлиме во канта за отпадоци. Промената започнува кога ќе почнеме да ја применуваме и колку да е тешко треба да почнеме со личен пример, напиша на својот ФБ профил директорот на агенцијата за промоција и поддрршка на туризмот Љупчо Јаневски.
Предмалку директорот објави фотографии од Охрид вечерва и напиша: Неверојатно но вистинито!

Директорот за Скопје 1 вели дека крајно време е да се воведе Туристичка инспекција и туристичка полиција кои се практика во голем број на европски земји.

Под тоа Јаневски објави фотографии за кои појасна дека се од Александар Бачиќ.

фото: Александар Бачиќ.

 

Close