(ФОТО) Туристите на Охриѓани им се качија на глава, т.е на кров

Охрид е најпознатиот туристички центар во земјава. Познат во целиов регион но и во светов. Години градот бил преполн со гости од домашни и странски, но ова што се случува во моментов за Охриѓани е изненадувачки. Тие вакво нешто не паметат.

Од ловење риби во полно капалиште, дивеење со глисери и скутери, миење лежалки во Езеро, пребрзо возење по сообраќајниците, паркирање кој каде ќе стигне само за да не се плати, фрлање смет кој каде ќе стигне, дивеење по најатрактивните локалитети во градот.

На социјалните мрежи постојано се објавуваат видеа и фотографии од „чудно“ и недолично однесување. На најновата фотографија која ги вознемири сите, а е споделена на Фејсбук страната Охрид, се гледа како млади лица се качени на кров од куќа во стариот дел на Охрид.

Не е познато дали фотографијата е од оваа година, но она што е на неа е крајно вознемирувачко.

Прашање кое е неизбежно по вакво нешто: Знаат ли родителите од овие деца каде се? И дали некој размислува какви последици може да настанат само со мало невнимание?

Коменетар не е потребен.

Ohrid ke izdrzi !

Posted by ОХРИД on Saturday, August 1, 2020

Close