Битка за тронот: Мицкоски против Мијалков и Јанчев! На која страна ќе застанат унгарските медиуми!?

Беснее војната за тронот во ВМРО ДПМНЕ. Се разменуваат удари и напади преку медиумите и преку фејсбук. Во последните два дена нивото на испратени пораку меѓу спротиставените страни се засили. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за Сител тие кои бараат негово заминување од лидерското место ги нарече партнери на Заев. Нивните напади не наидуват на поддршка ниту во структурата на партијата ниту во членството, ниту помеѓу граѓаните, оцени Мицкоски, објави vocentar.com. 

Според Мицкоски, расчистувањето со тие групи е последниот товар од кој што се ослободува ВМРО-ДПМНЕ во овие 31 месец откако сум избран за претседател на партијата. Сега сите тие заедно на купче остануваат да му бидат верен коалиционен партнер на Зоран Заев, па јас би му посакал со среќа нека му е со сите нив.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање и поранешен член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Мијалков преку својата фејсбук страна го обвини Мицкоски дека намерно губи на избори од Заев за да се спаси од кривични пријави.

Пред изборите слушнавме десетици обвинувања за криминал со хидроцентралите, за сомнителни исплати од ЕЛЕМ, за незаконско финансирање на кампањата, за сомнителни договори за локалните избори во Охрид, па дури и за непотизам при вработувањето на факултет.
Сепак нема кривична постапка за ниту еден предмет, а уште помалку притвор за Мицкоски. Малку е чудно што Мицкоски обвинуваше дека Заев го контролирал судството и обвинителството, а сега за него нема ни притвор, ни пријава. Затоа легитимно се поставува прашањето дали цената на амнестијата на Мицкоски е губење на изборите и уште колку избори Мицкоски треба да загуби, напиша на својата фејсбук страна Сашо Мијалков.

Текстот во целост на:  vocentar.com. 

Close