Единствена Македонија: Во Берово, еден од најголемите бандити на транзицијата Ванчо Чифлиганец прогласен за личност на годината од новинарите

На свеченост во Берово насловена како „Ноќ на источните оскари“, замислете, еден од најголемите бандити на транзицијата Ванчо Чифлиганец прогласен за личност на годината од новинарите поради, внимавајте добро, успешен бизнисмен, филантроп, донатор, човекољубец, велат од „Единствена Македонија“.

Во продолжение тие додаваат:

За помладите да знаат, Чифлиганец како еден од најголемите бандити го украде златото во „Бучим„ а во 1992 година за време на ембаргото на Обединетите нации спрема СР Јуославија, од рудникот Бор во Србија прошверцува бакар за Јапонија во вредност од 200 милиони долари за провизија од 20 отсто или зема 40 милиони долари прикажувајќи го како бакар од „Бучим“.

Се разбира, Чифлиганец не е крив и не треба да му се лутиме. Народот си сака да го тепаш, пљачкаш, да го ограбиш и на крај пак да си ги сака и гласа џелатите, па, ете, и Ванчо од бандит сега за народот е успешен бизнисмен, филантроп, донатор, човекољубец….Тоа е тоа, народот си сака романтика!

Како и да е, ние во Единствена Македонија остануваме на определбата во точката 10 од нашата Платформа „Битка за Македонија„ во која се заветивме на следното: „Ревизија и одземање на украденото во криминалната, нечесната и неправедната приватизација со која е извршен грабеж на општествениот имот кој 50 години наназад го создаваа сите работни луѓе во социјализмот, ревизија и одземање на украденото и во постприватизацискиот период. Со еден збор, одземање на украденото од позиција на власт во изминатите 30 години“, велат од „Единствена Македонија“.

На свеченост во Берово насловена како „Ноќ на источните оскари“, замислете, еден од најголемите бандити на транзицијата…

Posted by Единствена Македонија on Friday, July 31, 2020

Close