(ВИДЕО) Некои поинакви туристи летово во Охрид

Пандемијата со Ковид 19 коренито ги промени туристите кои доаѓаат во Охрид. Ако последните неколку години бевме навикнати да гледаме во најголем број странци кои во градот ги носеа туристичките агенции, летово Охрид како да е вратен 20 години наназад во делот на тоа какви туристи го полнат.

Видео снимката е направена на плажата пред хотелот „Метропол“ каде двајца туристи ловат риби со јадици во капалиштето каде пливаат и деца, а еден во езерото си го пере сунѓерот од лежалката.

Стар Град нема мир од млади луѓе кои се пијанат , галамат и прават неред, а слично е низ цел Охрид. Утрово центарот на градот беше полн со ѓубре кое зад себе го оставија илјадниците тинејџери и малди лица кои во текот на ноќта јаделе пици и сендвичи и се пијанеле на тротоарите и по парковите.

Со што утрово во Охрид се соочи ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ погледнете со клик на насловот подолу:

(ФОТО) Охрид утрово – смет расфрлан на насекаде

Close