(ФОТО) Охрид утрово – смет расфрлан на насекаде

Уште една непроспиена ноќ за охриѓани, поради собиранките на групи млади кои деновиве престојуваат во Охрид. Сликата рано утрово е: купишта смет по охридските улици, ќошиња, но и на најрепрезентативните места од градот, главно шишиња од алкохол, цигари, остатоци од храна…

ЈП Охридки Комуналец со целиот капацитет од рано утрово распореден низ целиот регион го расчистува она што го оставиле зад себе гостите, со цел градот празнично да биде чист, но и како што му доликува, и како што сме навикнале да го гледаме. Но до кога? Очигледно до следната собиранка.

Охрид деновиве е преполн со гости, главно домашни. Инспекциите и полицијата постојано се на терен  по плажите, но и низ градот. Овие групи покрај тоа што го нарушуваат законот за ред и мир, ги нарушуваат и препораките на Владата за услови на пандемија кои се децидни, задолжителна дистанца и носење заштитна маска. Ниту еден од овие млади луѓе кои се журкаат по цела ноќ, не носи маска, а за дистанца и да не зборуваме.

Ваква е ситуацијата скоро во сите населби во Охрид.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски за Скопје 1 вели дека полициските службеници се постојано на терен.

„Буквално 24/7 сме на терен. Ја покриваме целата територија која е во надлежност на Секторот.  Контролираме и по плажите и паркинзите, кои се мета на крадци поготово во овој период од годината. Апелирам, граѓаните да внимаваат на своите лични предмети, а секое вознемирување и непочитување на законите да ги пријават во СВР Охрид“, вели Димовски.

Охрид и покрајт тоа што деновиве е преполн, кафанџиите неможат да склопат крај со крај. Гостите кои овој период престојуваат во Охрид, си понеле дури и храна од дома, за да немора да купуваат овде. А за вечерни излегувања очигледно се одлучиле во големи групи по цела ноќ, но на отворено, на најпознатите и најрепрезентативни места во Охрид, но со кеси пива и грицки од маркети.

Овие групи покрај тоа што го нарушуваат законот за ред и мир, ги нарушуваат и препораките на Владата за услови на пандемија кои се децидни,задолжителна дистанца и носење заштитна маска. Ниту еден од овие млади луѓе кои се журкаат по цела ноќ, не носи маска, а за дистанца и да не зборуваме.

фото: Љупчо Грданоски

 

Close