Струјата поскапува за 7,4 отсто

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 7,42 отсто и ќе чини околу 5,9 денари за еден киловат скапа тарифа и 2,9 денари за ефтина тарифа, потврди претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски.

Како пример, тој посочи дека на сметка од 1 500 денари сега покачувањето би изнесувало уште 100 денари.

Поскапување на струјата, како што рече, побарале сите електро-енергетски компании поради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот ковид-19.

ЕСМ, додаде Бислимоски, има намалување на приходите од продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а МЕПСО намалување од 11 милиони евра.

 

Close