Кои охридски „газди“ парите за вработените си ги ставиле во џеб ?!

Владата ја објави листата на фирми кои зеле државна помош, но на вработените не им исплатиле плати. На листата се и неколку охридски фирми меѓу кои има и фирми на познати личности од јавниот живот. Целата листа можете да ја видите на следниот ЛИНК.

Дел од фирмите под притисок на јавноста вчера почнале да ги исплаќаат платите за работниците. Синдикалните организации побараа кривична одговорност и најстроги санкции за фирмите кои ја злоупотребиле помошта од државата.

Неделава од Управата за јавни приходи обелоденија дека сопствениците на 708 компании во Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците. Околу 3.750 компании, пак, им исплатиле на вработените помалку од минималецот.

Најголем дел од компаниите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт.

Close