Владиниот проект „Дома си е дома“ помош за два туристички сектори, а каде се туристичките агенции?

„Туризмот на респиратор“,„Ни треба помош сега и веднаш“, „Триста туристички агенции ќе стават клуч на врата“, „Државата ќе загуби милионски суми од даноци“, „Автобусите ќе останат паркирани“, „Помош за агенциите значи спас за туризмот“, се само дел од транспарентите на денешниот мирен протест што го организираа туристичките работници.

Тие се одлучија јавно да кренат својот глас, по проблемите кои им ги зададе пандемијата, со што се загрози опстанокот на многу туристички агенции, а со тоа и над 700 агенции ќе ставам клуч на своите компании, а  5000 вработени би останале без работа.

Македонија е целосно затворена и граѓаните можат да патуваат само во три држави: Србија, Албанија и Турција! Што преставува голем проблем во функционирањето!

Владата покажа разбирање за туристичките работници. Преку кампањата „Дома си е дома“ и ваучерите кои се поделија, домашните гости ќе се одмораат во убавата Македонија, со тоа парите ќе останат во земјава, а ова пак е директна  „инекција“ за туристичкиот сектор.

Но, каде се туристичките агенции во владиниот план?

Ваучерите кој се доделија на граѓаните со ниски примања, не можат да се реализираат преку агенциите, туку директно во хотелите! Голем број од хотелите се одлучија да не одобруваат провизија на ваучерите на агенциите, и цените кој ги одобруваат на агенциите се полоши од тоа што директно клиентот ја добива!

Генералниот менаџер на Туристичка Агенција „ВИС ПОЈ“ Охрид, Олег Маленко вели дека надлежните можеа да ги решат проблемите на туристичкиот сектор со еден потег:

„Надлежните кои работеа на економските мерки можеа да ги решат проблемите на туроператорите и агенциите, хотелите и приватните станоиздавачи со еден потег. Требаше ваучерите да се користат преку лиценцирани агенции и туроператори, за сместување во домашните сместувачки капацитети. Со тоа ќе се решеа сите сектори поврзани со туристичкото работење. Вака сега имаме решени само два сектори. Ние ги задржавме сите вработени како туроператори и се надеваме во иднина дека ќе бидеме поддржани од надлежните институции. Во секој случај од голема помош ни се мерките КОВИД за ублажување на последиците и истите ги користиме. Го поддржуваме туристичкиот еснаф во сите наредни барања“, вели Маленко.

Маленко додава дека туристичките агенции прв пат се соочуваат со ваква ситуација, и дека не им е својствено да бараат помош.

„Сакаме само да бидеме рамноправни на пазарот и да имаме услови за работа, а не да бидеме изоставени од ваучерите, кои пак се основна алатка на туристичките агенции и туроператорите“, вели Маленко.

Денеска Стопанската комора за туризам упати нови барања до Министерството за економија за втор сет мерки за поддршка за секторот, меѓу кои се и продолжување на мерката субвенционирање на плати (14.500,00ден) и придонеси до крајот на 2020г. со измена за 100% покривање на трошоците за придонеси, во дејностите Туризам и Превоз, ослободување од плаќање на ДДВ и аконтативен данок на добивка до крајот на 2020г., како и субвенционирање на зелен картон за автобусите и минибусите за 2021 година..

Конститутивната седница за новиот парламентарен состав е закажана за 4 ти август. Ова дава надеж дека со формирањето на новата Влада, прашањето за проблемите на туристичкиот сектор повторно ќе стане актуелно и новата Влада ќе изнајде начин да му помогне на овој сектор.

 

 

 

Close