(Видео) Бачев: Нашата коалиција никогаш нема да ги признае овие избори, ќе почнеме постапка и пред Европскиот суд за човекови права

На 15 јули во Македонија се случи историски скандалозен преседан со планот за колатерална штета на Единствена Македонија на изборите, обвини претседателот на партијата, Јанко Бачев.  Тој истакна дека Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ никогаш нема да ги признае овие избори со кои, како што кажа, е направен тежок изборен фалсификат. Тој најави дека оваа недела ќе почне постапка и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Прво, на ДИК по изборите им фалат 2.013 гласачки ливчиња со кои е правен масовен фалсификат по моделот на т.н. бугарски воз. Откако го обелоденивме овој факт, ДИК експресно излезе со одговор дека било „техничка грешка“; второ, моите билборди во Струмица каде беше клучната битка со Заев, веднаш по монтажата се отстранети уште првиот ден од кампањата, иако уредно се платени. По изборите, поднесовме приговор, еве го одговорот, внимавајте добро, пак истата формулација „техничка грешка“, трето, добивме фрапантен податок од терен дека дури 24.066 гласачки неважечки ливчиња се однесуваат на редниот број 11, а тоа се наши гласови. ДИК не дозволува да направиме увид и јавноста официјално да го види овој тежок фалсифика“, рече Бачев.

Исто така, додаде тој, во заднина без да знае никој, ДИК го избриша од избирачкото ливче називот „Никогаш северна – само Македонија“ иако листите беа поднесени со тој назив.

Еве зошто Единствена Македонија мораше не да биде поразена, туку понижена на изборите според планот на „ѕверот. Но, крајот на „ѕверот“ наближува, велат од коалицијата.

Бачев: Единствена Македонија е колатерална штета на изборите од планот на „ѕверот“ – еве зошто

Еве зошто Единствена Македонија мораше не да биде поразена, туку понижена на изборите според планот на „ѕверот. Но, крајот на „ѕверот“ наближува!

Posted by Јанко Бачев on Sunday, July 26, 2020

Close