(ВИДЕО) Бачев поднесе тужба до Управниот суд – ние практично на изборите настапивме како безимен субјект

Претседателот на партијата Единствена Македонија и предводник на коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, Јанко Бачев поднесе тужба до Управниот суд, откако ДИК го отфрли приговорот за како што вели незаконски избришаното име на коалцијата од гласачкото ливче.

„Не е спорно што листите се поднесени со назив „Никогаш Северна , само Македонија„ не е спорно дека листите се поднесени во законски утврден рок, не е спорно дека се поднесени од овластен претставник на коалицијата, не е спорно дека се потврдени од страна на ДИК и дека се утвредени неправилности. Меѓутоа на ваквата неспорна фактичка состојба, ДИК од нему познати причини во заднина и надвор од очите на јавноста го избришал називот на листата „Никогаш Северна, само Макеоднија“ и ние практично на изборите настапивме како безимен субјект“ вели Бачев.

Јанко Бачев поднесе тужби до управен суд

Posted by Ohrid 1 on Wednesday, July 22, 2020

Close