ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Членството нема да бара оставка од Мицкоски

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ , Димче Арсовски пред почетокот на состанокот на Извршниот комитет на партијата, за „Телма“ изјави дека тие постигнале подобри изборни резултати од СДСМ без Беса и дека нема потреба да се бара оставка од партискиот лидер, наспроти најавите на Христијан Мицкоски дека ќе се повлече челната позиција во партијата, ако изгуби на изборите.

„Дека членството би побарало оставка од претседателот Мицкоски првпат слушам, како што потенцирав и претходно, имаме потполно право и кредибилитет како политичка партија која што освои најмногу пратенички мандати како партија, на овие избори да одиме во поход за формирање ново парламентарно мнозинство и нова Влада.“

изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ , Димче Арсовски.

Во однос на прашањето за формирање широка владина коалиција заедно со СДСМ, Арсовски рече дека сите опции се отворени, без да прецизира што конкретно значи тоа, со образложение дека е рано и дека не сака да наштети на процесот на политички преговори. Вечерашниот состанок во ВМРО-ДПМНЕ е редовен, како што информираат од партијата, а се очекува тема на дневен ред да бидат и изборните резултати.

 

 

 

 

Close