Моторциклист изгубила контрола и паднала на коловозот, пренесен во „Св. Еразмо“

На 19.07.2020 околу 14.30 часот во близина на бензинска пумпа на ул.„7 Ноември“ во Охрид, С.Б.(44) од Охрид, која управувала мотоцикл „јијинг“, со струшки регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во незгодата, С.Б. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, каде што била пренесена за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Охрид.

Close