Николоски го турка Мицкоски сантиметар по сантиметар во амбис

Гостувајќи во емисијата „Во Центар“ кај Васко Ефтов Филип Петровски кажа дека Александар Николоски го турка Христијан Мицкоски сантиметар по сантиметар кон амбисот и провалијата.

Петровски кажа дека на состанок во ВМРО ДПМНЕ пред изборите 2016 година Никола Груевски кажал дека најмногу од сите го сака Александар Николоски, но дека неможе да го кандидира во Петта изборна единица бидејќи тогаш ВМРО ДПМНЕ ќе загуби со 10.000 гласови.

Петровски рече дека Николоски е мајстор за сплетки, местенки, нарачани медиумски линчови и други гнасни политички игри кои ги правел со години, па од тие причини не се кандидирал во Изборната единица бр 5 каде е Охрид туку во Изборна единица број 4, каде исто така ги загуби изборите од Зоран Заев.

Петровски ги спомна и разговорите кои беа објавени во изборите, а во кои Александар Николоски зборува да не се чепка Нефи бидејќи со него бил постигнат договор за изборите 2013 година.

Ефтов и Петровски констатираа дека Александар Николоски е најголема рожба на Груевизмот и дека интелектуално и политички супериорен во однос на Мицкоски и три години сантиметар по сантиметар го турка кон провалијата.

Петровски кажа дека Груевски и Мартин Протогер бараат замена за Мицкоски но тоа нема да биде Алксандар Николоски.

Close