Интервјуто со Пецаков најмногу го гледале во делот каде зборува за кваката во штабот

КВАКАТА НА ВРАТА во ВМРО ДПМНЕ во Охрид, најгледан дел во видео интервјуто со Кирил Пецаков. Аналитиката покажува 840 кликови од Viber, Messenger, Whats up 

Интересна аналитика оствари краткото видео интервју со избраниот пратеник Кирил Пецаков кој вчера во живо на официјалната Фејсбук страна на „Охрид 1“ зборуваше за победата во Охрид и приликите во партијата ВМРО ДПМНЕ.

Ако се разгледа подобро статистиката за гледаноста на видеото тоа во првите 4 часа од емитувањето остварило гледаност од над 6.500 прегледи додека во останатите 20 часа го гледале само 1000 луѓе, што говори дека видеото предизвикало голем интерес додека се емитувало и веднаш после тоа.

Ако се погледне аналитиката во кој делови е видеото гледано може да се забележи дека тоа е повеќе гледано во втората половина од колку што е гледано во првата половина.

Во овој дел Кирил Пецаков зборува за тоа во каква состојба беше оставен комитетот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид по смената на власта во градот и за тоа дека партијата ја заборавија сите, дека никој не даде никаква помош и дека сите си го „фатија патот“ притоа користејќи ја реченицата:

„Тоа беше време кога ретко кој ја фаќаше кваката од вратата во комитетот на ВМРО ДПМНЕ во Охрид и како го поминавме тој период ние најдобро со знаеме“ – рече Пецаков притоа не навлегувајќи во детали и не спомнувајќи никој од тие кои не ја фаќале кваката на вратата во партијата.

Според аналитиката 840 кликови се оствариле од извори на средства за комуникација ( viber, messenger, whats up ) .

На социјалните мрежи и во чаршијата веќе се лицитира со тоа кој свесно ја оставиле партијата, па дури и работеле за СДСМ и си поигрувале со двете како што ги нарекуваат „голобради момчиња“ Пецаков и Донев сами да се борат без никаква помош и да дојдат до победа.

Во ЖИВО интервју со Кирил Пецаков – избран пратеник од ВМРО ДПМНЕ

Во ЖИВО интервју со Кирил Пецаков – избран пратеник од ВМРО ДПМНЕ

Posted by Ohrid 1 on Saturday, July 18, 2020

 

ВИДЕАТА НА Охрид 1 ВО ИЗБОРИТЕ ГЛЕДАНИ НАД 85,464 ПАТИ

Според аналитката на ФБ видеата објавени на официјалната страна на Охрид1 кои се пренесувани и на Скопје1 во изминатиот месец имале гледаност од 85.464 пати . Во изминатите триесетина дена со интервјуа на нашиот портал се појавија повеќето политичари од земјата, пред се лидерите на малите партии.

Close