Пецаков: ОК го превзедовме во време кога многу мал број на луѓе ја фаќаа кваката од штабот, сега ја вративме доведбата на гласачите

Коалицијата предводена од СДСМ освои 46, а коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ 44 пратенички мандати. Охриѓанец кој стана пратеник од ВМРО ДПМНЕ од ИЕ 5 е Кирил Пецаков. Тој вели дека самиот ден на изборите, освен делот каде што имаше хакерски упад во системот на ДИК доведе во ситуација многу луѓе да се сомневаат со резултатите, записниците од избирачките места рачно еден по еден се пребројуваа, на два пати од страна на ДИК и се донесоја резултатите.

„Нарегуларностите повеќе беа изразени претходните денови со организираниот поткуп и притисок од страна на власта кој се вршеше брз гласачите. На денот го видовме врвот на тие нерегуларности“, истакна за Охрид 1 Пецаков.

Што се однесува за барањето на ДУИ според кое бара албанев за премиер Пецаков вели:

„Барањата од ДУИ ги знаеме, а ние имаме јасен и прецизен став и црвени линии околу преговарањето и стоиме на тоа. Но, секако сме отворени за преговори поврзани за коалиција кои допрва ќе почнат. Со официјализирањето на нашите мандати како пратеници ќе започнат и преговорите“, категоричен е Пецаков.

Тој додава дека она кое го започнале како опозиција во опозиција во 2017 год. па се до денеска во континуитет работат со сите охриѓани.

„Од денешен аспект моам да кажам дека не подржаа со огромна доверба, поточно разликата со СДСМ беше 1667 гласа. Ова ќе биде база за понатамошни добри резултати“, вели Пецаков и додава:

„Ние ја превзедовеме партијата во едно лошо време кога многу мал број на луѓе ја фаќаа кваката од штабот. Функциониравме без поддршка од луѓе кои претходно биле на одредени позиции, но успеавме и се издигнавме како раководство. Не е случајна победата. Континуираната работа на месните комитети и и Општинакиот комитет го донесоја овој резултат“, категоричен е тој.

На прашањето дали може да ни се случи повторно пратеници од ВМРО ДПМНЕ да не ја поддржат матичната партија и да гласаат спротивно на партиските ставови, Пецаков вели:

„Никогаш повеќе неможе да се повтори пратеници од ВМРО ДПМНЕ да заминат  и да подржат точка која не е во интерес на партијата. Еве за мене лино ќе кажам, во овој град јас планирам и понатаму да живеам. Пратеничкиот мандат и политиката народско кажано е денес си утре не си, повторно ќе треба со истите луѓе да живеам. На крај од политичката кариера најбитно нешто е образот, така да мојот ќе остане чист поврзано со ВМРО ДПМНЕ“, истакна Пецаков.

Во ЖИВО интервју со Кирил Пецаков – избран пратеник од ВМРО ДПМНЕ

Во ЖИВО интервју со Кирил Пецаков – избран пратеник од ВМРО ДПМНЕ

Posted by Ohrid 1 on Saturday, July 18, 2020

 

Close