Фудбалери од ГФК Охрид позитивни на КОВИД 19

Од второлигашот ГФК Охрид информираат дека тројца нивни фудбалери се позитивни на коронавирус.

Сакаме да Ве информираме дека тројца фудбалери од нашиот клуб се позитивни на вирусот ковид -19. Тестовите на сите чинители во клубот ги извршивме во четвртокот, а денеска ни стигнаа резултатите.

Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидлиот непријател бесчујно навлезе и во нашите редови. Од сега понатаму ќе ги следиме насоките од надлежните институции и ќе постапуваме согласно нивните инструкции“, соопштија од охридскиот клуб.

Close