Владо Чингоски: Несоодветната кадровска политика на СДСМ во доведе до пораз во Охрид

За анализа на овие избори би започнал со онаа народната БИ СВАДБА ПОМИНА.

Дали некој е задоволен или не од свадбата ( изборите) е негова работа. Времето не може да се врати и да се поправат работите, но ако се спрема друга свадба, треба добро да се размисли околу нејзината организација и да се отстранат грешките од претходната неуспешна свадба. Карактеристика за овие избори е малата излезност, која пак ја искористија албанските партии и остварија најдобар изборен резултат до сега. Колку и да се сака да се минимализира влијанието на корона кризата, факт е дека ги помести изборите од 12 Април на 15 Јули. Тоа е период од 3 месеци, кога функционираше или нефункционираше, кој како гледа, Пржинската влада.

Одлуките кои се носеа и кои не беа толку популарни кај граѓаните, кои пак беа причина, за во таа Влада. повеќе да се води меѓупартиска битка, со постојани меѓусебни обвинувања, а кои и тоа како влијаеа на резултатите кои се постигнати на овие избори.
Од тој аспект може да се анализираат и причините за големиот процент на апстиненција, покрај објективната неможност, граѓаните кои се на привремена работа во странство. да дојдат и го остварат своето гласачко право, а ги има во една завидна бројка од околу 200.000.

Предизборната кампања, безидејна, и сведена на меѓусебни обвиненија, кој е поголем криминалец и кој, кога ќе оди во затвор, ги одврати оние гласачи кои се слободоумни, да не го дадат гласот за никого, зошто ете сите се криминалци.
Крајно, целокупната економско – политичка ситуација во Македонија, која е далеку од добра, немање на системски реформи, особено во образованието, правосудството но и во други сегменти, како и немање на конкретни решенија за решавање на егзистенционалните проблеми, од страна на главните политички чинители, ги фрлија во апатија и оние гласачи кои можеа да го остварат своето избирачко право.
Но, резултатите од изборите покажаа дека кај албанскиот изборен кампус, за разлика од македонскиот сите, овие факти не се причина да преку 200.000 гласачи го дадат својот глас за албанските партии. Треба да се пофалат за нивната способност за мобилизација на своите гласачи, какви и методи да користат.

На локално ниво, ДПМНЕ однесе победа. Иако победа е победа, па била и со еден глас повеќе, бројката од 12 илјади и нешто, не покажува дека граѓаните им ја даваат целосната доверба. ВМРО ДПМНЕ.  Овие 12 000 -13000 гласови во Охрид ДПМНЕ ги добива без да мрдне со прст, без кампања. Од 73 или колку и да се изборни места на 6 изборни места во Велгошти и Стар град добиваат по 2500 гласови,но и предност од 1500 до 2000 гласови пред СДСМ.

Треба да направат добра анализа, зошто оваа бројка не е многу повисока, во ситуација кога нивниот политички конкурент СДСМ во Охрид, подолго време е во состојба на хибернација. За бројката која ја доби СДСМ во Охрид, е потребна посеопфатна и подлабока анализа.  Моето мислење и пред изборите беше дека СДСМ во Охрид ќе ги изгуби изборите, но моите очекувања беа дека ќе добијат околу 12-12500 гласови. Оваа бројка што ја добија е втора најмала бројка во 3 деценискиот плурализам. Каде ги гледам причините ?
„Несоодветна кадровска политика.“

ОО на СДСМ  во периодот од 2009 г. па навака, ја водат луѓе со скромен партиски стаж, па дури без стаж, кои по приватно, бизнис, деловни, пријателско, родбински врски ги завземаа највисоките позиции во партијата и повеќе од тоа, напредуваа во партиската кариера.
Ова особено за време пред и за време на изборите 2016 г.
 Се факторизираа луѓе  кои не ја познаваа ни основната организациона структура на партијата, но затоа многу добро знаеа  како  да ја  практицираат власта.
 Грешките на локлно ниво и нереализираните ветувања од централата, отсуство на одговорност, не само што ги разочараа непартиските подржувачи на СДСМ, туку имаа големо влијание и на самите партиски членови.
 Ветерот кој му дуваше во грбот на СДСМ наречен шарена револуција, го изгуби интензитетот, заклучно со референдумот и вонредните локални избори за градоначалник.
 ОО на СДСМ во својата затвореност, кадровска политика, непотизмот, но подржани од високи функционери од централата,  ги одбиваше своите членови кои не можеа да го искажат своето мислење, став, да бидат слушнати од партијата, која со својата ароганција ги натера да им испорачаат ваков резултат.
 Секако, дека не се виновни само партиските фактори во ОО на СДСМ, туку и нивните ментори од Скопје.
 Крајно, најмалку влијание за ваквиот изборен резултат како во Охрид, во 5-тата ИЕ,но и целата држава има Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија , приемот во НАТО.
  Тоа, кој како сака нека мисли, но за мене е чекор напред за нашата земја, но внатрешната политика ставена на вага со овие успеси, непотизамот, небројните афери, потврдени, докажани или не, факторизирањето на  сомнителни фаци и низа други причини,  натежна кон негативниот став на граѓаните кон власта. Но  и  спрема  опозицијата.
  На овие избори победи СДСМ, но ова победа е пирова.
  ВМРО ДПМНЕ изгуби и тоа е реалност.
  За мене лично двете се губитнички, а најголем губитник е Македонија.
  Очигледно на СДСМ, гласачите им порачаа дека нема да му дадат бланко подршка за втор мандат а на ВМРО ДПМНЕ дека им е многу рано да се вратат на власт.
  Двете политички партии треба сериозно да седнат и направат анализа што им се случи и не да ги анализираат последиците туку да ги детектираат и отстранат причините кои ги доведоа до ваква пат позиција.
Локалните избори се за нешто повеќе од една година.
Оваа година ќе биде политички и економски тешка, зачинета со корона (објективна или не) кампања.
Последиците повторно ќе ги трпат  обичните  граѓани, а не политичката и бизнис елита. Ова изборно искуство наречено предвремени парламентарни избори 2020 нека им биде поука на полтичките партии дека и обичниот ЧОВЕЧЕЦ знае да размислува , а богами и казнува.
Close