Порталот Охрид Вест на 4 јули во детали ги предвиде резултатите во Охрид

Порталот Охрид Вест на 4 јули објави анализа во која речиси до детал го предвиде изборниот резултат во Охрид. 

Текстот чиј автор е Арбен Демироски Бено 11 дена пред гласањето ги погодил резултатите во Охрид , па така во текстот стои дека СДСМ ќе освои околу 40 % од гласовите на оние кои ќе излезат на гласање, што на 15 јули се потврди со тоа што СДСМ во Охрид освои 39 % од гласовите, а прецизно е предвидена и излезноста од 55 % од запишаните во избирачкиот список.

Понатаму во анализата се проценува дека малите партии како ГДУ, Македонски Концепт, Единствена Македонија, Демократи и Глас за Македонија ќе одземат најмалку 6 % од гласовите , што исто така се обвистини тие заедно во Охрид зедоа 7 % од гласовите.

Најпрецизно е предвиден резултатот кој го оствари ДУИ , партија која од СДСМ доби десетици вработувања и порасна за околу 500 гласа, за која Охрид Вест предвидел дека ќе има нешто над 1.500 гласа, што се оствари во целост.

Текстот кој на денот на објавувањето предизвика бура реакции во власта можете да го прочитате со клик Т У К А.

Официјалните резултати на страната на ДИК за Охрид во продолжение:

Close