Колев: Гласав затоа што секој еден од нас треба да каже како ќе се развива нашата држава од денеска па натаму

Претседателот на Граѓанско демократската унија, Петар Колев денеска гласаше на своето гласачко место во училиштето „Славејко Арсов“ во штипската населба Баби.

– Гласав затоа што секој еден од нас треба да каже како ќе се развива нашата држава од денеска па натаму. Ние како ГДУ се обидовме и до последниот ден водевме позитивна кампања и се надевам дека позитивизмот ќе вроди со плод во нашето општество. Знаете, имам измешани чуства, како човек кој се јавил на интервју за работа пред граѓаните за минималец од 14.500 денари, а моите работодавачи се уште не знам дали ме одобриле и дали ќе ми дадат шанса да ја работам работата за која сум се нафатил – истакна Колев.

Close