Ахмети: Овие избори се од особено значење, ако досега затворивме многу важни процеси за земјата и регионот, сега отвораме нова страница во историјата на оваа земја

Би сакал да имаме добар изборен процес, би сакал сите протоколи да се почитуваат според директивите на здравствените установи, со најдобра намера да имаме правилен изборен процес, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети после денешното гласање во родниот Зајас

-Овие избори се од особено значење, ако досега затворивме многу важни процеси за земјата и регионот, за мирот, стабилноста и безбедноста, сега отвораме нова страница во историјата на оваа земја, почнуваме преговори за членството на земјата во ЕУ, со што победничките сили во оваа земја имаат историска одговорност да ги исполнат сите стандарди кои ни овозможуваат побрз пат кон членство во Европската Унија. Тоа е многу важен момент за подигнување на стандардот кај луѓето, за подобар живот, за подобро образование, за уште понапредно здравје, така што е мандат кој политичките партии што ќе победат на овие избори да направат добра работа со цел да не ги разочаруваат граѓаните и што е можно поскоро овие очекувања да бидат исполнети. Јас сум многу оптимист, ако работиме со посветеност и со срце, овие стандарди сигурно дека ќе бидат постигнати – рече Ахмети.

Close