ДИК: Одѕивот до 17 часот е 38,78 отсто

На интернет страницата на Државната изборна комисија објавено е дека до 17 часот излезноста е 38,78 отсто од вкупниот број на гласачите. До 17 часот обработени се 3.459 гласачки места од вкупно 3.480. Досега гласале 703.522 избирачи.

По избрачки единици излезноста е: ИЕ1 – 41,07%, ИЕ2 – 36,98%, ИЕ3 – 43,85%, ИЕ4 – 43,99%, ИЕ5 – 38,21% и ИЕ6 – 29,6%.

Во Изборната единица 1 најголема е излезноста во Македонски Брод 55,61%, во ИЕ 3 – Ѓорче Петров со излезност 41,59%, во тројката – Крива Паланка со 58,7% излезност, во ИЕ 4 – Новаци со излезност од 60,05 отсто, во ИЕ 5 Вевчани – 56,94% и во ИЕ 6 – Тетово со излезност од 33,72 отсто од запишаните гласачи.

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, на прес-конференцијата во 17.30 часот рече до ДИК пристигнале неколку претставки за евентуално нарушување на изборниот процес и неколку приговори во смисла на повреда на избирачко право и на изборен молк, но кажа дека тоа не е нешто посебно што може да го наруши целиот изборен процес.

Close