(ВИДЕО) Со булдожери се урива базата на Нефи Усеини

Со булдожери се урива дивоизградената бетонска база на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. Акцијата за отстранување на нелегалниот објект која започна пред четири дена, продолжи и денес. На терен урива механизација која е ангажирана од Општина Охрид. Со оглед на габаритот на објектот, отстранувањето ќе трае и во наредните неколку денови, најавија од општината.

Поставувањето на базата во сопственост на Усеини беше започнато во јуни минатата година на петстотини метри од брегот на Охридското Езеро. За неа, нема потребни одобренија, ниту еколошка дозвола, како што налага Законот за животна средина, па така, објектот е еден од оние кои го загрозува УНЕСКО статусот на целото подрачје. Парцелата на која е изградена базата е во сопственост на Исламската верска заедница, која ја добила преку процесот за денационализација во периодот од 2013 до 2014 година.

Покрај базата на Нефи се урива и базата „Биг Стоун“ во близина на касарната во Охрид кај населбата „Црногорци“.

Close