„Светлосно шоу“ со улични светилки во Охрид

„Светлосно шоу“ од неколку од уличните светилки и мрак од повеќето исклучени или прегорени улични светилки на „Билевар Туристичка“ и АСНОМ втор ден по ред може да се види на кружниот дек кај покриениот базен кој е во градба.

Неколку од светилките трепкаа, а повеќето не работат и просторот тоне во мрак.

Осветлувањето во Охрид од 2016 година е предадено на приватната компанија „ ИЦС Ситеми“ од Чешка, која преку ЈПП стопанисува со градското осветлување во Охрид.

Close