(ВИДЕО) Заедничка изјава за медиуми на кандидатите за пратеници од СДСМ и Коалицијата МОЖЕМЕ Лазе Таневски и Жаклина Лазаревска ИЕ 5

Коалиција „Можеме“ е вистинскиот предводник на патот кон подобра иднина, за нас и идните генерации! Покажавме дека сакаме и умееме да ги промениме работите. Имаме голема храброст и одлучност и заедно со Вас граѓаните, постигнавме многу! Успеавме да направивме пресврт на подобро и ја извадивме државата на прав пат.

Денес, нашата убава земја, Северна Македонија, е 30 земја членка на НАТО, а  започнуваме и преговорите со Европската Унија. Имаме јасен план и остваруваме цели за достоинствен живот за сите граѓани.

На четири дена пред важниот избор, Ве повикувам на 15 јули да излеземе на гласање и да го заокружиме бројот 3, да покажеме дека занаеме и дека сакаме да продолжиме напред и дека заедно можеме уште повеќе и уште подобро.

Убедени сме дека заедно со вас, во Охрид ќе оствариме уште една голема победа, која ќе ни гарантира развој и напредок, за нашиот град и за нашата држава.

Сите пристѕни разговараат на прописна далечина меѓу себе, се поздравуваат според Ковид препораките,  На крај сите да полжат како вие вчера гласајте за број 3

 Коалицијата „Можеме“ има конкретен план за наредните четири години. Ветуваме реални и остварливи проекти за успешно надминување на негативните ефектите од актуелната здравствена криза, обезбедуваме мерки за уште посилен економски раст, повисоки плати, пензии, соодветни социјални политики, современа инфраструктуира, нови инвестиции, подобро образовани, уште поодговорни институции, ред и праведно општество за сите. Нудиме решенија за вистинските проблеми и приоритетните потреби.

Почитувани граѓани, моќта е во ваши раце, со вашата одлука, преку вашиот глас одлучувате дали ќе ја дадете својата доверба на луѓе со интегритет или луѓе кои нудат режимска обнова. Вие одлучувате дали ќе одиме напред во светла иднина или ќе се вратиме назад во темното минато. На 15-ти јули да излеземе на гласање и да го заокружиме бројот 3.

Да покажеме дека Охрид знае да ги препознае вистинските и чесни политики и дека заедно со вас граѓаните можеме уште повеќе и уште подобро!

Сектор за комуникации СДСМ Охрид

 

Close