Петкоска: Изградба на нов театар, зачувување и унапредување на македонскиот јазик

Потребно е воспоставување концепт на обнова која ќе донесе коренити реформи, квалитет и мотивација во културата. Со цел обезбедување на достоинствени услови за работа на уметниците и достоинствено презентирање на културните и уметничките достигнувања се обврзуваме на реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, со цел обезбедување нов објект наменет за Македонски народен театар „Григор Прличев“.

Културниот идентитет ни дава чувство на припадност, тој е столб на континуитетот на постоењето на една заедница и еден народ. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ содржи мерки и проекти чија цел е зачувување и зацврстување на културниот идентитет како на македонскиот народ, така и на етничките заедници.

Зачувување и унапредување на македонскиот јазик како најзначајно идентитетско обележје. Изработка на академска граматика на македонскиот јазик, етимолошки речник, дијалектни речници и изработка на електронски корпус на македонскиот јазик. Збогатување на е-библиотеките со изданија на македонски јазик и на другите етнички заедници и објавување речници на јазиците на етничките заедници. 

Едукативни центри за култура кои ќе ги привлечат уметниците од општините и нивниот потенцијал.

Младински фестивал и Младински уметнички групи со овозможување настап низ општините во Македонија, надополнети и со филмски проекции. 

Поддршка на младите уметници преку финансиска поддршка за купување на музички инструменти и други потребни материјали.

Запознај ја Македонија и културните знаменитости преку организирање тури со вклучен превоз и професионални туристички водичи.

За сите млади до 29 години ќе се овозможи 50% попуст за влез на национални и клупски спортски настани и настани организирани од сите институции под надлежност на Министерството за култура.

Е-читални за лица со оштетен вид.

Регионални занаетчиски центри. Поддршка за обнова и развој на традиционални занаети.

На 15 јули изборот е силна култура, стручност и професионализам.

Бројот 14 за изградба на нов театар во Охрид.

14 за зачувување и унапредување на македонскиот јазик.

14 за Обнова на Македонија!

Close