(ФОТО) Во Велгошти одбележани 119 години од формирањето на првата востаничка чета во Охридско

Со почитување на мерките за заштита од Ковид-19, во манастирот Света Петка во Велгошти беа одбележани 119 години од формирањето на првата востаничка чета во Охридско.

Почетокот започна со едноминутно молчење во чест на починатиот Димче Милески, поранешен претседател на МК Велгошти и еден од иницијаторите на воозобнувањето на традицијата на прославата на денот на формирањето на првата востаничка чета во Охридско.

Пред присутните се обрати кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Кирил Пецаков, за кого оваа традиција е секогаш обврска којашто и понатаму треба да се негува и почитува.

– Секоја генерација си има своја борба, а нашите предци ни оставија аманет кој ние како генерација доследно треба да го продолжиме и пренесеме на идните генерации, рече Пецаков пред присутните.

Свежо цвеќе положија МЗ Велгошти, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти и ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Овој настан велгоштани со гордост го споменуваат и до ден денес го носат во срцето и душата.

Close