Николоски: На 15 јули заедно со граѓаните ќе ги донесеме промените и ќе ставиме крај на бандитите на власта

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и носител на листа во изборна единица 4, денеска пред граѓаните на општина Богданци

Заеднички да ги направиме промените и да ставиме крај на Заев и криминалната банда, обновата да победи и ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи новата влада, вели Николоски.

Николоски потенцираше дека народот се чувствува национално понижен и економски истоштен, посочувајќи дека СДСМ и Заев се радуваат на видео порака на оној пред кого потпишаа капитулација на Македонија.

Народот е национално понижен и економски истоштен. Национално понижен заради промената на името, заради воведувањето на двојазичноста, заради продажбата на историјата. Понижен затоа што овие бандити на власт се радуваат на видео пораки и спотови од оној пред кого што потпишаа капитулација на Македонија. Понижен затоа што гледаат секој ден како се продава историјата, а економскиот пустош мислам дека и не треба да зборувам, вели Николоски.

Николоски додаде младите и цели семејства размислуваат да се иселуваат од државата поради лошата економска состојба.

Нема млад човек, нема семејство, млад брачен пар кое што не размислува на кој начин да замине од државата, трајно или барем времено. Тоа е тажната вистина, не само за центарот, и истокот на Македонија, туку за цела Македонија. Го прават тоа од економски причини, но го прават како што самите велат дека нема ред во државата.  Го прават тоа од причина затоа што нема доволно работни места или се слабо платени, но го прават и заради високата корупција која што цвета низа државата од најниско до највисока ниво, рече Николоски.

Вистината за Македонија е дека Зоран Заев е најкорумпираниот премиер веќе поранешен, која што оваа држава било кога го имала. Вистината за Македонија е дека прв пат видовме политичар како става пари во торба, вистината е дека видовме и слушнавме како бројни функционери на власта во заминување како се богателе на сметка на народот. И вистината е дека нема никаков ред ни надолу, односно сите кои што се во институциите велат кога може првиот вториот петтиот можам и јас, потенцираше Николоски.

Николоски ги повика граѓаните на 15 јули масовно да излезат на гласање за заедно да ги донесат промените и да стават крај на бандитите кои што сега владеат.

Едно многу мало малцинство  на нечесни и огромно мнозинство на чесни. Но, тие чесните се погазени, прегазени затоа што во моментот со Македонија бандитите владеат. На тоа ставаме крај на 15 јули за да ја вратиме државата, да ја исправиме државата, затоа што ако продолжи вака Македонија ќе скапе во корупција, изјави Николоски.

Николоски додаде дека три години странски инвестиции немаат дојдено во Македонија, а оние кои што планирале да инвестираат ги промениле своите одлуки бидејќи  како што рече тој не сакаат да инвестираат во држава во која што евро оди за Вицето, евро оди за црквата

Дека три години странска инвестиција нема дојдено во Македонија. Тие кои требаше да дојдат ги променија одлуките и воопшто не инвестираа а тие кои што почнаа од претходниот период ги влечат своите инвестиции затоа што не сакаат да инвестираат во држава во која што евро оди за Вицето, евро оди за црквата.

Домашните инвестиции се плашат да инвестираат, затоа што како велат, како почнеме нешто да работиме прво не напаѓа одговорниот за урбанизам во општината, после тоа не напаѓа градежниот инспектор, после тоа не напаѓа инспекторот за екологија, па локалниот полицаец, па директорот на институцијата, па заменик министерот, па министерот, па ако е покрупно до премиерот или евентуално братучед му или брат му. И затоа не инвестираат во Македонија, и затоа работни места не се отвораат и затоа постојните работни места се доведени во опасност.

Тоа ќе го промениме со еден сериозен удар на мафијата, на бандата во Македонија. Уште во првите шест месеци одговорност за сите кои што се огрешиле пред законот како испитување на потеклото на капитал на сите кои се занимавале со јавен живот овие 30 години, да видиме кој работел чесно да знаат граѓаните, а секој кој што не работел чесно да му се оданочи на имотот со 70 проценти и кривично да си одговара.

Да бидам искрен веќе не го повикувам Зоран Заев да каже дали е во можност да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство, го повикував со денови, го нема да излезе затоа што е јасно, не е во можност да го докаже, ама ќе треба да одговара пред соодветните органи после 15 јули, кажа Николоски.

Во однос на програмата Обнова за Македонија, Николоски порача дека се обврзуваат на формирање на фонд од 200 милиони евра за формирање на мали и средни претпријатија за откуп на земјоделските производи, 80 милиони евра за наводнување во четиригодишниот мандат, гасификација и многу други концепти.

Close