Еуросупер 95 поевтин за половина денар, еуросупер 98 и еуродизел по стара цена

Од вечерва на полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 0,50 денари/литар и ќе изнесува 60,50 денари/литар. Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на „евродизелот“ (Д-Е V) остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од минатата недела (29.6.2020 година).

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 0,50 денари/литар и од вечерва на полноќ ќе изнесува 52,50 денара/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,156 денари/кг и ќе изнесува 25,980 денари/кг.

Од 7.7.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,50 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 63,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродозел БС“ (Д-Е V) – 52,50 (денара/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 52,50 (денара/литар)
мазут М-1 НС – 25,980 (денари/килограм)

Close