Асфалтирани краци од ул. „Момчило Јорданоски“ во Охрид

Деновиве заврши асфалтирањето на краци од ул. „Момчило Јорданоски“во должина од 340 метри односно површина од  2000 метри квадратни. Станува збор за проект кој е дел од годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности  и сообраќај и улици  при општина Охрид. Вредноста на проектот е 3 000 000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.  Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга.

Со реализација на проектот се решава деценискиот проблем на жителите од овој дел на градот кои се движеа и сообраќаа во неадекватни услови.

Close