Константин Георгиевски и Димитар Спасески ќе бидат виртуелни гости на „Амбасадата“ на 4 Јули

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски и поранешниот општински секретар Димитар Спасески вечерва преку специјален видео линк кој го добиле како дел од дигиталните покани ќе бидат гости на виртуелната прослава на Денот на независноста на САД , виртуелен дигитален настан организиран од амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.

Настанот е виртуелен заради кризата со Ковид 19 и безбедносните мерки и протоколи кои не дозволуваат (или препорачуваат ) масовни собирања.

Во минатото одреден период институцијата Градоначалник на Охрид не добиваше покани за овие приеми, а амбасадата на САД од 2018 повторно ги кани градоначалниците на Охрид на приеми кои се организираа по повод 4 Јули.

Димитар Спасески по се изгледа е единствен член на ВМРО ДПМНЕ од Охрид кој непрекинато е поканет на сите приеми по повод 4 Јули од 2016 година до денес.

ДИГИТАЛНО НА ПРОСЛАВАТА НА НЕЗАВИСНОСТА НА АМЕРИКА ЌЕ ПРИСУСТВУВА САШО СМИЛЕСКИ

Покана за дигиталниот прием добил и вториот човек на СВР Охрид, Сашо Смилески, кој со СВР Охрид раководи од 2016 година.

Close